Приведени две лица, при претрес кај нив биле пронајдени рачна бомба и 1000 евра

Денеска (08.01.2023) околу 14.00 часот, во тетовско Долно Палчиште, полициски службеници на СВР Тетово ја лишиле од слобода 48-годишната Х У. од ова село. При прeтрес извршен во нејзиниот дом со судска наредба било пронајдено експлозивно средство, рачна бомба и 1000 евра, за кои постои сомнение дека потекнуваат од неодамна пријавената кражба во куќа во гостиварското село Форино. Таа е задржана во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе и бидат изготвени соодветни поднесоци, додека експлозивното средство е подигнато и транспортирано од Дирекцијата за заштита и спасување. При претресот, исто така, од слобода е лишен и 52-годишниот С.У., поради сомнение за сторено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик.

извор: МВР