Легендарната македонска пејачка со белградска адреса на живеење, Маја Оџаклиевска, се’ помалку ја има на сцената и максимално е посветена на грижата за нејзиниот аутистичен внук.
Во една прилика проговори за нејзиното бурно минато и откри дека била во „брак“ дури 12 пати.
– Имав 12 таканаречени бракови. Кога ќе дојдеше оној момент на „џавкање“ или на однесување кое не ми се допаѓа, му ги ставав сите работи во кеса за ѓубре и „чао, пријатно“ – изјави во една емисија.
Маја е родена 1954 година во Скопје, но веќе на 9-годишна возраст се преселила во Шведска со мајка си и со брат ѝ. Бракот на нејзините родители се распаднал кога имала само две и пол години.
– Одлично ми легна таа опуштеност и неконвенционалност на тамошниот школски систем. За да ѝ помогнам на мајка ми, веќе на 13 години почнав да работам. Бев бебиситерка. Тамошното основно образование совршено ме подготви за животот што следи. Веќе на 14 години работев во фабрика за конзерви. Монотона работа која ја вршев пеејќи си. А, во училиштето се развиваа моите уметнички амбиции – откри Оџаклиевска.
Сепак, средно училиште запишала во Скопје бидејќи нејзината мајка сметала дека македонскиот систем на школување е многу построг и помалку толерантен.
Малку е познато дека Оџаклиевска не успеала да земе диплома, но подоцна изјави дека не жали и дека во тој период веќе ѝ биле отворени многу врати на музичката сцена.
mastilo.mk