На стартот на свечената церемонија, по финалниот натпревар на турнирот во Аделаида, големо внимание привлече претставникот на традиционалните абориџини на Гана – чичко Муги.
„Новак со трофејот Аделаида 250, „змијата“. Се ракува со претставник на домородното население Каурна од Австралија и во позадина Џули со нејзината торба „Остани смирен и поддржи го Новак Ѓоковиќ“! Тоа не беше лесно денес, остани смирен“, се вели во објавата на Твитер профилот NovakDjokovicUKFan-Linda.
Novak with the Adelaide 250 trophy, the ‘snake’. Shaking hands with a representative of the Kaurna indigenous people of Australia & Julie with her ‘Keep Calm & Support Novak Djokovic’ tote bag! That wasn’t easy today, keeping calm..phew!#NoleFam #djokovic #Adelaide250Champion pic.twitter.com/9s0Lh4lps7
— NovakDjokovicUKFan-Linda🐊🦋🐺 2️⃣4️⃣🥇#djokovic𓃵 (@DjokovicUk) January 8, 2023
Овој домородец ги поздрави сите присутни и ги исчисти пехарите од негативна енергија, пренесува „Sport klub“.
Вујко Муги ги благослови трофеите.
„Во име на народот – моја мајка, Гана и сите предци, ја отстранувам оваа негативна енергија“, рече Муги и го започна ритуалот.
Во своето обраќање, воодушевениот Новак му се заблагодари на овој фин човек.
-Им благодарам на луѓето кои се тука илјадници години. Ви благодарам што ја пренесете културата на вашиот народ и ќе се видиме следната година“, рече Новак.
Да потсетиме, Ѓоковиќ го освои 92. трофеј во кариерата, откако во финалето го совлада одличниот Американец на тениските терени откако во меч кој траеше повеќе од три часа го совлада Американецот Корда со 2-1 во сетови. По овој триумф Ѓоковиќ најави дека е прв фаворит на Австралискиот Грен Слем каде ќе се бори за 22-от трофеј колку што има и Рафаел Надал. Турнирот започнува на 16. Февруари.
извор: TWITTER NovakDjokovicUKFan-Linda