Прегазена 61-годишна жена на паркинг

0
221

61-годишна жена од Тетовско добила тешки повреди по удар од автомобил на паркинг.

Имено, – вчера, во 15.30 часот, во СВР Тетово било пријавено дека на паркинг на улицата Киро Ристевски-Дрнц во Тетово, патничко возило „ситроен“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од 19-годишната тетовка Е. З., удрило во 61-годишната И. С. од тетовска Гургурница, информираат од МВР.

Во несреќата И. С. добила тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница.

 

skopskoeho.mk