ВРЕМЕПЛОВ – Настани на денешен ден, 11 јануари

0
194

1693 Во земјотресот што се случи во Катанија, Италија, загинаа околу 80.000 луѓе.

1897 САД и Велика Британија се согласија со арбитража да ги регулираат границите меѓу Канада – британски доминион и Алјаска, огромна територија од 1,5 милиони квадратни километри, која Американците во 1867 година ја купија од Русија за 7,2 милиони долари. Утврдените граници се непроменети до денес.

1945 Во Скопје е одржана Првата конференција на балканската младина на која присуствуваа делегати од Југославија, Грција, Албанија и Бугарија. Меѓу другото, беше донесена Резолуција за зближување на младината од балканските земји.

1994 Република Финска и Република Македонија воспоставиле дипломатски односи.

1995 Република Македонија воспостави дипломатски односи на амбасадорско ниво со Република Романија и со Кралството Саудиска Арабија.

 

Од Википедија — слободната енциклопедија