Струга со градоначалникот Рамис Меркон продолжува да биде топ тема на дневните настани и вести, за жал негативни, на државно ниво.
Ваквите проблеми се јавуваат и се создаваат особено кога јавните институции формирани со закон не ги извршуваат своите законски обврски и кога погрешни луѓе се наоѓаат на погрешни места. И замислете во 21 век во Струга скоро години и цели денови да зборуваме за проблемот со кучињата, и нема да биде чудно по некое време ќе почнеме да зборуваме и за мачките…!
Меѓу другото деновиве портали, новински агенции, невладини здруженија информираат, но и самите граѓани знаат дека Струга е преплавена со бездомни кучиња, додека Општинската Администрација нема сеуште идеја како да се справи со овој проблем и покрај законските можности и големи финансиски средства кои можат да се обезбедат во одредени моменти за справување со предметниот проблем.
Кучињата, живите суштества, од Бога создадени, верниот сопатник на човекот, не треба да се убиваат и не треба да бидат на пат, не се тие виновни, често се мета на невнимание на институциите, сообраќајни несреќи и вакви немили настани.
Општина Струга и градоначалникот на општина Струга, иако на локалните избори во 2021 година дојдоа со агендата „ нула кучиња скитници “ – но и денеска во 2023 година, чекаа 20 години и сè уште немаат храброст да трошат барем 10.000,00 евра годишно за горенаведениот проблем, покрај тоа што се уште не покажуваат идеи и желба да го решат проблемот, за кој мора итно да се најде систематско и трајно решение за отстранување и лекување на кучињата од струшки улици во сите маала и населени места, кој што како проблем е навистина голем.
Средствата за финансирање на активностите поврзани со горенаведениот проблем можеше и од порано и денеска да се обезбедат со намалување на средствата предвидени во буџетот за дневни трошоци и патувања надвор од Струга, околу 40.000,00 евра, трошење за прехранбени производи и пијалоци во Општината, околу 6.500,00 евра, Трансфери на Невладини Организации и политички партии кои годинава ги зголемивте на 120.000,00 евра, за ваши политички и лични интереси итн.
Затоа да ја оставиме политиката на страна бидејќи проблемот е голем во градот, нема простор за разочарување, потребна е работа и искрена посветеност за да се соочиме со проблемот. Поради оваа причина, крајно време е да изградете Стационар за третман на бездомни и бездомни кучиња, користете ИПАРД – Програми на ЕУ.
Но до тогаш за жал, драги граѓани, ќе продолжиме во иднина да гледаме вакви немили сцени на усмртени кучиња, отруени, стотина граѓани каснати и повредени, често дури и несреќи настанати како последица на овој проблем со бездомните кучиња, кој го зафати градот и општина Струга., се додека општина Струга и градоначалникот нема да постапуваат согласно препораките преку Записникот и Решението на Републичкиот Ветеринарен Инспектор, од 2011 – 2012 година, и Записникот и Решението на Републичкиот Инспектор за Ветеринарство, од 27.12.2022 година, доставен до кабинетот на Градоначалникот на општина Струга.
До кога…?
Лулзим Насуфи – Претседател на Огранок на АA – Струга.