Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје вчера во 16:05 часот на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје го лишиле од слобода Б. Р. (52) од Скопје, осуден на казна затвор од две години и осум месеци.
– Тој бил баран по централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години и осум месеци за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Лицето било предадено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.
nezavisen.mk