Денешната политика во Македонија е збирштина на неморал и не би ни сакал да ја наречам политика.
Македонското општество многу назадна со ваквата политика. Ова без конкуренција е најлошата влада досега, посебно на економски план.Убеден сум дека оваа влада одработува за туѓуи антимакедонски интереси.Оваа влада е предавничка, вели Зоран Витанов во интервјуто за Република.
Денес оној што ја поддржува оваа влада мора да е или криминалец, или предавник или неинтелегентен-смета Витанов.
Тој како економски експерт и претприемач смета дека денеска Македонија и нема економија.
Економијата не е оставена на економистите.Економијата во Македонија ја водат ДУИ.Кога тие имале економска програма, тие се терористи симнати од планина со пушка.Наместо ние политички и општествено да ги неутрализираме ние им дадовме да си играат со судбините на нашите семејства.Тука веќе е работa за санаториум ситуација.
Витанов нема дилеми што е главниот проблем во економијата во Македонија.
Главниот проблем е што ние немаме стратегија и не ги оставаме претприемачите да водат и што оваа влада се поставува непријателски кон претприемачите и воопшто нема никаква поддршка. Ако ние го гушиме претприемништвото а Фондот за иновации стана извор на партиски средства, дури и за потсмев.Исто е и за странските инвестиции.Сега оваа влада се фали што останале или реинвестирале фирмите кои што дојдоа со привлекуваето на странските директни иневестиции од претходната влада каде што сегашната влада ги критикуваше тие политики.
Текстот во целост на: Република