Средношколците бараат олеснување за полагањето на државната матура

0
146
СКОПЈЕ (АА) - Десетици матуранти од повеќе средни училишта се собраа на протест пред Министерството за образование и наука (МОН) во Скопје со барање да се скрати материјалот за државната матура. Матурантите, организирани преку Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците (ОДАС), рекоа дека во текот на нивното четиригодишно средно образование биле сведоци на прекини на наставата или следење онлајн настава. ( Abdula Berisha - Агенција Анадолија )

Десетици матуранти од повеќе средни училишта се собраа на протест пред Министерството за образование и наука (МОН) во Скопје со барање да се скрати материјалот за државната матура, јавува Анадолу.

Матурантите, организирани преку Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците (ОДАС), рекоа дека во текот на нивното четиригодишно средно образование биле сведоци на прекини на наставата или следење онлајн настава.

Држејќи плакат на кој стоеше „Бараме МОН да ни излезе во пресрет“, тие потсетија дека во 2020 година, кога ја следеле настава во прва година од средното образование, наставата била прекината неколку месеци поради појавата на коронавирусот (Ковид-19).

Тие велат дека кога веќе не се укинува државната матура, барем да се олесни материјалот за оваа генерација на матуранти.

Матурантите најавуваат дека протестот и бојкотот на наставата ќе се одвиваат секој ден, додавајќи дека доколку не се исполнат нивните барања, тие ќе ја бојкотираат и државната матура.

Текстот во целост на: Анадолу.

фото: Анадолу.