Поранешниот бразилски фудбалер Роналдо Луис Назарио де Лима ја запроси 14 години помладата девојка, моделот Селина Локс. Свршувачката се случила за време на одмор на Карибите.
Селина се пофали со свршувачката на социјалните мрежи. Таа објави фотографии од одмор каде позира со Роналдо. На неговата рака се гледа сјаен прстен. “Да, се согласувам. Те сакам, засекогаш”, напишала манекенката.
Многумина им честитаа на веридбата, меѓу кои и поранешната сопруга на Роналдо, Милен Домингес. “Среќна сум за тебе. Господ секогаш да те благослови и чува. Да живее љубовта”, му порачала на Роналдо.
Милен беше првата сопруга на Роналд. Тие беа во брак четири години, а се разделија во 2003 година. Во февруари 2005 година се шпекулираше дека поранешниот фудбалер се оженил со манекенката Даниела Цикарели. Но, се покажа дека тие официјално не се венчале бидејќи ниту еден од нив до тој момент не го финализирал бракот со претходните партнери.
Тој раскина со Даниела, а потоа се ожени со Марија Беатрис Антони во 2008 година. Тие беа заедно до 2012 година и имаат две ќерки. Роналдо е во врска со Селина седум години.
View this post on Instagram
index.hr