Сопственикот на дивиот бутик „Шејн“ на улица Македонија, кој работи на јавна површина во центарот на Скопје, од утрово сам го отстранува објектот, објави faktor.mk.
Станува збор за застаклен надворешен дел, што вообичаено им служи на угостителите да ги сместат пушачите, но од пред четири месеци работи како продавница за облека.
Претходно објектот беше предмет на надзор кај инспекторите од Општина Центар. Според информациите од Општина Центар, сопственикот сам го размонтирува откако претходно беше издадено решение за отстранување.