Голманот Ливаковиќ посети момче кое доби трансплантација на бели дробови во КБЦ Загреб

0
255

Голманот на Хрватската репрезентација и Динамо Загреб, Доминик Ливаковиќ, во КБЦ Загреб го посети Фрања Калфиќ, единаесетгодишното момче од Кореница, кое е прво дете во Хрватска со трансплантација на бели дробови.

 

Доминик го изненади малиот Фрањо, кој пред десет дена успешно беше трансплантиран од екипата на КБЦ Загреб, во друштво на Ива Оливари, тим менаџерот на хрватската фудбалска репрезентација. Со него разговараше за фудбалот и Светското првенство во Катар.

“Мило ми е што успеав да го израдувам малиот Фрањо и со тоа да му ги олеснам деновите во болница. Тој е голем борец и убеден сум дека ќе може да ги надмине сите неволји со кои се соочува секој ден. Секое дете заслужува да бидеме здрави, се надевам дека Фрањо и ќе биде наш верен навивач во иднина и дека ќе се сретнеме на некој од следните натпревари на репрезентацијата“, додаде Ливаковиќ.

 

index.hr