1535 Конквистадорот Франциско Пизаро го основал Сјудад де лос Рејес, денешна Лима, како главен град на новоосвоените територии на шпанската круна во Јужна Америка.
1778 Англискиот морепловец Џемс Кук ги откри Хаваите.
1871 На иницијатива на премиерот на Прусија Бизмарк, 26 држави се обединиле и го основале Германското Царство, на чело со прускиот цар Вилхелм I.
1995 Струмица стана членка на Федерацијата на карневалските градови.
1996 Владеачката социјалистичка партија во Грција (ПАСОК) го избра Костас Симитис за премиер на Грција. Основачот на ПАСОК, Андреас Папандреу поднесе оставка на функцијата поради нарушена здравствена состојба.
1997 Австрискиот канцелар Франц Враницки поднесе оставка на функцијата по 11 години служба.
2000 Поранешниот германски канцелар Хелмут Кол поднесе оставка на местото почесен претседател на Демохристијанската унија поради финансиски скандал односно противзаконско собирање парични донации додека ја предводеше германската Влада.
2002 Поранешниот политички водач на расформираната ОНА, Али Ахмети официјално побара од трите партии на Албанците во Македонија да делегираат по двајца свои претставници кои ќе бидат членови на Координативниот одбор на албанските политички субјекти и поранешните припадници на ОНА.