1265 Првпат е свикан англискиот Парламент со што беше ограничена власта на монархијата.
1327 Високото благородништво го принуди англискиот крал Едвард II да абдицира во корист на синот Едвард III.
1649 Заробениот крал Чарлс I на крајот на граѓанската војна меѓу монархистите и следбениците на парламентот во Англија беше изведен на суд обвинет за предавство, односно за тајни преговори со Шкотите. Наброзо беше осуден на смрт и погубен 10 дена подоцна.
1667 По 13-годишните борби Русија ја порази Полска во војната која изби во 1654 година. По мирен пат во Андрусова, Полска се одрече од Киев, Смоленска и од делови на Украина на левиот брег од реката Днепар.
1921 Прогласен е првиот устав на Турција.
1936 Едвард VIII станал крал на Обединетото Кралство.
1936 Инвазиските италијански фашистички трупи, кои на почетокот на октомври 1935 година без објава на војна упаднаа во Етиопија, презедоа решителна офанзива против етиопските сили, успеаја да го скршат нивниот отпор и да ја колонизираат таа земја.
1936 Пуштена е во сообраќај железничката линија Прилеп – Велес во должина од 86 километри.
1941 Франклин Рузвелт, водач на Демократската партија, по третпат е избран за претседател на САД. Првиот мандат го презеде во 1932 година, во времето на големата економска криза, а во 1945 година по четврти пат е избран за претседател, што е единствен случај во историјата на САД.
1945 Во Воденско, Егејска Македонија, е формирана Тајната македонска ослободителна револуционерна организација (ТМОРО). Иницијатор, организатор и раководител на организацијата беше Вангел Ајановски – Оче.
1961 Демократот Џон Кенеди е инаугуриран во 43 година од животот за претседател на САД, како најмлад шеф на државата во американската историја.
1970 По двегодишна пауза, во Варшава продолжија американско-кинеските контакти на ниво на амбасадори.
1981 Републиканецот Роналд Реган, на 70-годишна возраст ја презеде функцијата претседател на државата, станувајќи најстар претседател во американската историја.
1981 По 444 денови во заробеништво, од амбасадата на САД во Техеран беа ослободени 52 американски заложници.
1992 Падот на „Ербас А-230“ јужно од францускиот град Стразбур го преживеаја само девет од вкупно 96 луѓе во авионот.
1996 На изборите во Газа и на Западниот брег, одржани според договорот меѓу Израел и Палестинците, водачот на ПЛО Јасер Арафат стана првиот демократски избран водач на палестинскиот народ.
2001 Потпрестедателот на Филипините, Глорија Аројо ја презеде должноста шеф на државата, бидејќи филипинскиот Врховен суд пресуди дека сменетиот претседател Џозеф Естрад не може да ја врши оваа функција.
2011 На космодромот Бајконур е лансиран „Електро-Л“ — првиот функционален метеоролошки сателит на Русија.
2017 Доналд Трамп станува 45. претседател на САД со силна народна поддршка.
2021 Џо Бајден станува 46. претседател на САД.