Од полноќ горивата поскапуваат од два до 2,5 денари за литар

Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,90 % во однос на одлуката од 16.1.2023 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,50 ден/лит, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,355 ден/кг и сега ќе изнесува 40,814 ден/кг.

Од 21.1.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 85,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 83,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 83,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 40,814 (денари/килограм)

фото: Архива