Радев: Бугарија ќе организира воздушна евакуација на Христијан Пендиков и ќе обезбеди негово лекување

0
281

По бруталниот напад врз младиот Христијан Пендиков од Охрид, секретар на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ стигнуваат нови реакции и осуди од бугарските политичари. Со осуда на инцидентот се јави и претседателот на Бугарија Румен Радев, но и националистите од редовите на ВМРО, но и лидерот на Има таков народ Слави Трифонов, кои повикаа на ново вето за членството на Северна Македонија во ЕУ, објави slobodenpecat.mk.

-Бугарскиот претседател Румен Радев најостро ги осудува систематските прекршувања на правата на Бугарите во Република Северна Македонија и влевањето омраза кон нив, што резултираше со нападот врз Бугаринот Христијан Пендиков во Охрид, соопштија од неговата прес служба.

Според соопштението шефот на бугарската држава смета дека искажаните амбиции за членство на Република Северна Македонија во Европската Унија и преземените заложби за реформи и зајакнување на демократските норми во земјата се во спротивност со реалноста во која живеат македонските Бугари во РСМ.

Бугарија е подготвена да организира воздушна евакуација на Христијан Пендиков и да обезбеди негово лекување.

-Претседателот Румен Радев уште еднаш на шефовите на држави и влади во Европската Унија, како и на европските институции и на Советот на Европа ќе им го сврти вниманието на прашањето за почитување на правата на Бугарите во Република Северна Македонија. Систематското кршење на нивните права беше основата на ставот на Бугарија, дека европската интеграција на Република Северна Македонија треба да се заснова на вистински напредок во искоренувањето на јазикот на омраза кон Бугарија и Бугарите и почитување на правата на македонските Бугари, соопштија од кабинетот на Радев.

Текстот во целост на: slobodenpecat.mk.