Таравари на средба со Агелер – разговарале за политички случувања, но и се поизвесното влегување на Алијанса во Владата

Лидерот на АА Арбен Таравари денеска на средба со амбасадорката на САД Анџела Агелер . На маса актуелните политички случувања во земјава но и се поизвесното влегување на Алијанса во владата во предворие на утрешното Централно собрание на кое членовите на партијата, но и на повисокото партиско раководство ќе треба да дадат зелено светло на Таравари за Влегување во парламентарното мнозинство, објави ТВ 24.

Во соопштението од денешната средба со Агелер од партијата наведуваат:

– Со амбасадорката на САД Агелер се согласивме дека интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ е единствениот пат кој гарантира развој просперитет и стабилност и дека државниот резон бара проевропски сили да не дозволат отстапување од овој курс превземајќи ја без одлагање одговорноста за да не ја пропуштиме нашата шанса и успешно да го завршиме овој витален процес за идните генерации.

Коментирајќи го евентуалното владино проширување денеска и премиерот Ковачевски со став дека иако се уште нема конкретни разговори посочи дека парламентарното мнозинство ќе биде уште поголемо.

Утре на на пладне во Куманово Алијанса стартува со Централното собрание на кое ќе се бираат и раководните органи на партијата но и Таравари ќе излезе со јасен и прецизен став за евентуалното влегување во Владата.

Текстот во целост на: ТВ 24.

фото: Архива