ВМРО-ДПМНЕ: Струга ќе добие спомен обележје за Косово

Надвор од правна рамка без минимум техничка документација и со гласање по Бадентер, мнозинството во струшкиот совет на 15-тата седница донесе одлука за поставување на спомен обележје на Република Косово на кејот на реката Црн Дрим, тврди денес преку соопштение ВМРО-ДПМНЕ.

Без гласот на советниците од СДС воопшто немаше да може да се отпочне таа постапка. Советниците на СДС се причината поради која на кејот на Црн Дрим ќе се гради споменик на друга држава, во време кога спомениците на нашите херои се сквернават и се уништуваат. Доколку сакале да искажат благодарност на Косово, тоа можеле да го направат со подигнување на споменик во Косово.м Намерно и свесно некој игра на картата на меѓуетнички тензии.Секогаш кога власта ќе процени дека тоа и одговора се потпалуваат меѓуетнички тензии.

Лицемерието на СДС нема граници, тие се против споменици на македонски дејци и херои, но немаат ништо против споменици на други држави.Како ќе го објаснат Ковачевски и СДС поставувањето на споменици на туѓи држави во Македонија, кога самите се против спомениците на сопствените херои?По чија волја се поставува споменикот на Република Косово во Струга и дали СДС исполнува туѓа агенда за ден повеќе власт? – стои во реакцијата на оваа партија.

извор: ВМРО ДПМНЕ