За малку избегнат инцедент за најголемниот христијански празник Богојавление, 40 метарското знаме со сонцето од Кутлеш, поставени на дел од бедемот на Самоиловата тврдина кај Долна порта полицијата барала да се тргне. Група средношколци и студенти од Охрид побараа да го извадам знамето, јас им излегов во пресрет и тие го развиорија на ѕидините, вели адвокатот Тони Менкиноски кој ги застапува македонците во Бугарија пред Судот за човекови права во Стразбур. Менкиноски против кого полицијата поднесе прекршочна пријава за нарушување на јавниот ред и мир, раскажува за АЛФА што точно се случило:
-Полицијата дојде и сакаше да го тргне знамето имаше една бурна реакција од страна на луѓето кои го имаа поставено знамето, исто така ме запишаа мене како подносител.Јас им побарав да ми донесат наредба им реков ова знаме нема да го тргнеме се додека не донесете наредба или писмен документ со кој ќе не задолжите да го тргнеме. И тоа треба да го пренесете да го знае јавноста бидејќи беше можен и инцидент, вели Менкиноски.
-Ова значи дека идејата за македонската кауза не е мртва и мене ме импресионираше бидејќи добивав повици од младинци кои сакаат покажат дека македонската кауза не е закопана. Колку и да сака сегашниот образовен систем да ги насочи во друга насока морам да признам дека бев изненаден од тоа што го слушав од децата,од нивното себеидентификување како македонци -вели Менкиноски.
Знамето веќе го нема на бедемите на Самоиловата тврдина на кое охриѓани му се радуваа бидејќи тоа е симбол, македонско обележје од кое никогаш нема да отстапиме, велат.