Телма: Ген-секот на „Цар Борис Трети“ евакуиран со воено-транспортен авион од Охрид на лекување во Софија

Без потврда и докази дека има политичка заднина, бугарското МНР ќе и врачи протестна нота на македонската амбасадорка во Бугарија за вчерашната тепачка во Охрид меѓу секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ и уште тројца охриѓани. Бугарија, пак отиде дотаму, што ќе организира воздушна евакауција за лекување на секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ од Охрид, објави Телма.

„Секретарот на културниот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, Христијан Пендиков, кој беше жртва на тепање, со воено-транспортен авион „Спартан“ денеска ќе биде пренесен на лекување во Софија“, соопшти Амбасадата на Бугарија во Македонија

Но, според извори на Телма., во тепачката нема политика, туку долгогодишна нетрпеливост и недоразбирања меѓу учесниците во инцидентот, што им е познато на охриѓани. Од СВР Охрид официјално соопштија дека 22-годишниот Пендиков синоќа пријави дека во угостителски објект во Охрид, физички бил нападнат од тројца охриѓани, од што се здобил со тешки телесни повреди. Полицијата работи на расветлување на настанот.

Според извори на Телма, кога тројцата охриѓани влегле во ресторанот, секретарот на бугарското здружение веќе седел на маса. Тој почнал да ги навредува и провоцира, а по вербалните дофрлања, дошло и до физичка пресметка. Од полиција нема потврда дека инцидентот се случи поради омраза кон Бугарите, а што точно се случило ќе утврдува истрагата.

Текстот во целост на: Телма.