Во духот на традицијата и денес продолживме со одбележување на големиот празник Богојавление Водици.
На Сараиште традиционално денес се одбележува Денот на рибарите, каде фаќачот на Чесниот крст заедно со неговата тајфа повторно влегуваат во водите на Охридското езеро. По нив влегуваат и останатите капачи.
Оваа традиција беше збогатена и со настап на Охридскиот музички еснаф, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.
извор: ФБ Кирил Пецаков