Мицкоски за Талат Џафери: Човекот постојано го кршеше Уставот и законите, очекувам да продолжи со лошите политики и овие 100 дена

Талат Џафери е човекот кој од самиот свој почеток, па до неговиот крај како претседател на Собранието направи многу противуставни и противзаконски чекори, рече претседателот Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ пред денешната конференција на Паневропска унија на Македонија.

Мицкоски се осврна на иницијативите кои беа за нерегуларностите, а кои пропаднаа.

„Без разлика што сите тие иницијативи пропаднаа пред судот поради октроирано обвинителство и судство. Но, еден ден кога ќе биде ослободено од политичките пранги ќе можеме како јавност да сведочиме на сето она што е направено во изминатиов период од неговиот избор во 2017 година до денес“, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека од Џафери и во следниот период може да се очекува да биде само полошо.

„Очекувам продолжување на лошите политики, иако можеби некогаш сме биле сите едногласни дека од ова полошо нема. Сега очекувам во овие 100 дена дека ќе биде полошо“, кажа Мицкоски.

извор: ВМРО ДПМНЕ