Земјотрес со интензитет од 5,1 степен според Рихтер утринава ја потресе турската западна област Измир, известува Анадолу.
Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) објави дека епицентарот на земјотресот е регистриран во заливот Кушадаси, во измирската област Мендерес, на длабочина од 8,5 километри.
Сулејман Елбан, гувернер на Измир, на социјалната мрежа Х објави дека досега нема пријавени случаи на оштетувања од утринскиот земјотрес.
И гувернерот на соседната област Ајдин, Јакуп Џанболат, за Анадолу изјави дека досега не се регистрирани пријави за штети настанати од земјотресот.
извор:Анадолу.