СДС матрица на мрачна транзиција, турка стечај на ЕЛЕМ ТУРС, а отвора две фирми со иста дејност за Попова Шапка, Маврово, Дојран, Охрид и Струга.
Додека трае енергетска и финансиска криза, додека сета јавност ги следеше енергетските компании и како ќе се издржи без енергија, СДС се насочила кон туристички капацитети и кон партизација на ЕЛЕМ, истакна портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Во продолжение ја пренесуваме изјавата во целост:
Во стилот на мрачната приватизација, СДС коешто управува со државната ЕЛЕМ се обидува изигра 100тина доверители на ЕЛЕМ ТУРС, и да ги отпушти вработените, со цел партизирање и приграбување на имоти на Попова Шапка, на Маврово, во Дојран Охрид и во Струга.
Со заобиколување на законите, СДС вцелено кон имотот на последната државна компанија ЕЛЕМ, спроведува стечај на ЕЛЕМ ТУРС, заради долгови и непродуктивност од 150 милиони денари, а истовремено отвора две нови фирми со иста дејност-туризам и угостителство.
Почитувани, зошто би се туркало во стечај ЕЛЕМ ТУРС, со изговор непродуктивност, а истовремено би се отворале две нови фирми за туризам и угостителство?
Дали целта е изигрување на законите?
Дали целта е изигрување на 100тина доверители за долгот?
Дали целта е партизација и предизборни полнења на администрацијата во двете нови фирми на ЕЛЕМ?
Дали можеби целта е несигурна иднина и отуѓување на капацитетите на Шапка, Маврово, Дојран Охрид и во Струга?
Почитувани, СДС не може да излезе од матрицата на мрачната транзиција, уништување и грабање, од шемата на лаги и партизација.
Само избори се спасот!
извор: ВМРО ДПМНЕ