„Во јавноста алармот е вклучен на најјако. Граѓаните, експертите, невладините, медиумите, реагираат гласно и реагираат со право. И се додека во овој, во суштина теоретски добар инфраструктурен проект е обременет со сомнежи и координатори на проектот од типот на Артан Груби, се додека се бира надзор на сомнителен и матен начин, се додека се доставуваат закони во Собрание во петок за понеделник, се додека пратениците се потпишуваат на овие законски решенија за процедурата, а не Владата која што бега и која што на чуден начин се потргнува одговорноста ќе провејува фактот дека сомнежите со желба за корумпирање, криминал и матни зделки ќе бидат дел од овој проект“, истакна координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Никола Мицевски на денешната собраниска седница.
Мицевски апелираше пратениците да не наседнуваат.
„Не е потпишана Владата. Ако веќе проектот е и е најголем проект кој што треба да се изведува во нашата држава, тука требаше да седат министри од Владата и да преземат одговорност, а не да се кријат зад мнозинството кое што го има во ова Собрание“, рече пратеникот.
„И да, сакам оваа држава да се развива побрзо, сакаме да успее овој проект, ама сакаме да успее на јавен, транспарентен начин. А, не законите да се пуштаат од петок, а во понеделник да се закажува седница“, нагласи Мицевски.
„Да, си дојде министер за култура, министер за земјоделие, министер за транспорт, министер за финансии, и да застане зад експропријациите, зад шумите, зад културното наследство, и да го брани тоа што го прави“, порача Мицевски.
Тој нагласи дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да даде поддршка и затоа ќе ја напушти седницата и ќе имаат суштински амандмани по кои што ќе се дебатира и за кои што ќе бара слух од јавноста.
извор: ВМРО ДПМНЕ