Денеска напладне пред зградата на Европската комисија во Софија ќе се одржи протест за поддршка на Христијан Пендиков кој беше претепан во Охрид.
– Правда за Христијан од Охрид! НЕ за дискриминацијата на Бугарите, е мотото на протестот. Настанот е строго неполитички и непартиски. Секој е добредојден како обичен граѓанин, објавија организаторите.
Во пораката додаваат дека „оваа ситуација е неподнослива“.
– Политичката класа, медиумите и академската заедница создадоа атмосфера на омраза и прогон на Бугарите. Сакаме итна реакција од бугарските институции, правата на Бугарите во Македонија се обезбедени и сторителите се казнети, Европските институции конечно да бидат гарант за правата на Бугарите, повикуваат организаторите.
Во меѓувреме, во Република Македонија институциите ја започнаа постапката за решавање на случајот. Полициски службеници од СВР Охрид, по преземени мерки и активности во координација со ОЈО Охрид за расчистување на случајот со физички напад врз 21-годишниот Х.П. од Охрид, пријавен на 19-ти јануари 2023 година, околу 22:30 часот, по што вчера беа приведени три лица од Охрид.
– По целосно документирање на случајот до надлежното обвинителство во Охрид ќе биде поднесена кривична пријава, информираат од МВР.
фото: Архива