На 22.01.2023 во 13.40 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на магистралниот пат Ресен-Охрид, во близина на клучката за селото Куратица, охридско 33 годишен од ресенското село Јанкоец, управувајќи патничко возило „фолксваген голф“ со ресенски регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото излетал од патот. Возачот и сопатникот 28 годишен од истото село биле пренесени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде што кај возачот биле констатирани телесни повреди, додека кај сопатникот констатирани се тешки телесни повреди. По овластување на Јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.
извор: СВР Охрид