Јахтата на Садам Хусеин, поранешниот ирачки лидер, денес е центар за научни истражувања

Јахтата што беше специјално дизајнирана во Данска на барање на соборениот ирачки лидер Садам Хусеин, денес се користи како центар за истражување на морските науки во Басра, каде што е вкотвена, објави Агенција Анадолија (АА). 

Изградбата на јахтата, на која Садам Хусеин никогаш не стапнал и покрај тоа што го добила неговото име, започнала во Данска во 1980 година, а била завршена една година подоцна.

Посебната јахта не можеше да биде донесена во Ирак поради 8-годишната ирачко-иранска војна, а потоа и војната во Заливот. Подоцна, Садам Хусеин ја подари јахтата на тогашниот крал на Саудиска Арабија, Фахд бин Абдулазиз ал Сауд.

Гламурозната јахта тогаш го добила името „Кадисије“, а сега е позната како „Басра бриз“.

Јахтата е опремена со многу вреден мебел, а се состои од 18 соби на 4 ката. Долга е 82 метри, а имаше дури и фризерски салон, дел за хемиско чистење и соба за прва помош.

Садам Хусеин никогаш не успеал да ја донесе јахтата во Ирак.

 

Текстот во целост на: Агенција Анадолија (АА). 

фото:Муртада Ал-Судани Агенција Анадолија (АА).