Славица со новиот автомобил од „Гранд“ се враќа во Струмица

Уметничкиот директор на „Гранд продукција“, Саша Поповиќ и ги додели клучевите од автомобилот Фиат ТИПО на Славица Ангелова од Струмица, победничката на „Ѕвездата на Гранд“ за сезоната 2022/2023.

„Кога ќе се појавиш во Струмица со овој автомобил, сите ќе знаат дека си го освоил со победата на „Ѕвездите на Гранд“, и кажа Поповиќ на Славица низ насмевка, а таа потврди дека има возачка дозвола и дека едвај чека да го вози автомобилот.

Ѓорѓе Давид истакна дека е горд на успехот на Славица, а наградата од Гранд ја гледа како олеснување за нејзината понатамошна кариера. Покрај песната, спот и комплетниот маркетинг, на Славица, како што рече рокерот, ќе и биде полесно бидејќи ќе има свој автомобил кога ќе доаѓа од Струмица до Белград.

„Горд сум затоа што поштено победи, заслужено е овде и го добива овој убав автомобил. Кариерата ќе ја гради паралелно овде и во Македонија. Ќе добие песна, спот, ќе гостува во сите наши емисии. Верувам дека во Македонија има многу поголеми шанси, бидејќи таа е нивниот прв победник. Верувам дека ќе има најголемо влијание и популарност во Македонија, но секако дека ќе се обидеме да ја истуркаме и овде, и во Босна и Херцеговина и во Црна Гора“, кажа нејзиниот ментор Ѓорѓе Давид.

Да потсетиме, 21-годишната Славица Ангелова од Струмица, Македонија, студент на медицина во финалната вечер освои 88.367 гласови и стана победник на најпопуларното натпреварувачко ТВ шоу „Ѕвездите на Гранд“ за сезоната 2022/2023. Славица својата музичка кариера ја започна во шоуто „Неки нови клинци“, а по неколку години среќата ја испроба во „Ѕвездите на Гранд“ каде триумфираше.

 

nova.rs