На Фејсбук се споделуваат разни сведоштва и ставови на граѓаните, кои се згрозени од тоа што се случувало на клиниката.
„ Пред две и пол години ќерка ми се лекуваше на клиниката за онкологија. Мислевме дека се лекува, они ми го убија детето. Од лесно излечив тип на канцер, они со „терапијата“ го хранеле канцерот. Јавно објавувам дека нема да ги оставам да се заташка како се што се заташкува во скапаната држава! Ќе активирам се што е во моја моќ и ве замолувам сите што можете да помогнете да се вклучите! Нема да се смирам додека не ги видам сите во затвор доживотен!
Сликава од ангелот мој ја ставам тука да знаете кого го убивте и да ве прогонува како сенка, мир и сон да немате никогаш како моето семејство што нема!“, напиша таа.
ФБ