Македонската одбојкарска репрезентација победи во вториот натпревар на Европското превенство во Скопје, против Црна Гора и се пласираше во осминафиналето.
Двете победи, против Данска и Црна Гора на почетокот од првенството на македонските одбојкари им донесе пласман во следната фаза од европскиот шампионат.
Одбојкарите беа поддржани од присутните во спортскиот центар„Борис Трајковски со аплауз и овации.
Следниот предизвик за македонската репрезентација се натпреварите со Полска, Холандија и Чешка. Македонија во рамките од третото коло утре со почеток во 20 часот ќе се сретне со фаворитот во групата, селекцијата на Полска.