Направен е обид за купување на хотелот „Мериот“, сопственост на „Дивелоп Груп“, во кој удел имаат фирмата „Бест Веј“ на синот на Сашо Мијалков и на Александар Ивановски-Алек Теранова. Според информации на Телма, станува збор за уплатени 12 милиони евра преку банкарска сметка.
Но, средствата биле замрзнати веднаш откако биле уплатени од фирма со седиште во Гевгелија, а која се занимава со казина и игри на среќа. Но, според информации на Телма, истрагата за овој предмет е заглавена, бидејќи истражителите не може да стигнат до банкарски документи поврзани со обидот за продажба на „Мериот“ и со хипотеката дадена за хотелот преку фирмата „Дивелоп груп“. Од Управата за финансиско разузнавање не споделуваат детали, а одговорија само на дел од прашањата поврзани со нивните надлежности за надзор врз работење на банките.
„Врз основа на тоа, Управата во рамки на своите надлежности во субјектот, Комерцијална Банка АД Скопје има започнато вршење на вонреден надзор во поглед на поставеноста на системот на банката за спречување перење пари и финансирање на тероризам и колку истиот е во согласност со барањата коишто се пропишуваат со законот. Напоменуваме дека надзорите коишто ги спроведува Управата се во согласност со годишната програма за вршење на надзор како и во рамки на координација со останатите надлежни органи и органи коишто имаат супервизорски овластувања и преставуваат тековни активност на институцијата“, гласи одговорот на Управа за финансиско разузнавање.
Текстот во целост на: Телма
фото: Телма