Британскиот амбасадор Метју Лосон на Македонски јазик го честита 11-ти Октомври

0
304

Амбасадорот на Велика Британија во Македонија, Метју Лосон во видео објавено на официјалната ФБ страна на амбасадата на Македонски јазик упати честитка по повод 11-ти Октомври денот кога македонските партизани почнаа вооружена борба со окупациските сили на тогашната фашистичка Бугарија.

„Драго  ми е што на овој празник имав можност да положав венец во Куманово и да одбележам 81 година во чест на оние кои се бореле за слобода. Честит празник !“ – рече во честитката неговата екселенција Метју Лосон

Велика Британија беше сојузник и помагач на нашите борци во НОБ, а заедно со САД беше најголем помагател и доставувач на храна и оружје за партизаните.