Членот на ЦК на Политичката партија Левица – Иван Јованоски, првостепено е осуден од страна на судијката Јованка Иваноска во политички монтиран случај, по директива на поранешниот премиер Зоран Заев!
На само еден ден пред Денот на народното востание на македонскиот народ, нашиот член прекршочно е осуден за настанот од минатогодишното одбележување на 11 октомври на Могилата на непобедените, се вели во објавата од Левица.
Во продолжение од партијата додаваат:
🔻Јованоски тогаш му упати порака на Заев дека поради неговите предавнички политики и бришењето на антифашистичкото минато, тој нема никакво право да се појави и да оддаде чест пред жртвите на АСНОМ!
❌Дека се работи за типична РЕПРЕСИЈА на хибридниот режим, потврдува тоа што како подносител на Барањето за поведување прекршочна постапка не се јавува поранешниот премиер Заев – туку извесен полициски службеник ЗЛАТКО НИКОЛОСКИ, кој не е оштетена странка во случајот.
Ваквите тоталитарни методи на власта во пад потврдува дека КОВАЧЕВСКИ е доследен послушник на Заев, кој единствено владее преку партизираност на институциите, закани и прогон, а Македонија е целосно заробена држава од фамилијата Заеви.
🚩Континуираниот прогон со кој се соочуваат членовите на Левица од тоталитарниот режим на СДС и ДУИ само уште повеќе го мотивира нашиот борбен дух против оваа криминална банда на политиканти – а од позиција на власт и ослободени институции, Левица ќе иницира кривичен прогон против сите оние кои го силуваа правото и Уставот за време на ЗАЕВИЗМОТ!
Левица ќе ги искористи сите инстанци за да ја ОБЖАЛИ пресудата, а на поранешниот премиер Заев му порачуваме да собере храброст и тој лично да иницира постапка – а не да се крие позади непознати полициски службеници и заробените државни органи.
извор: ФБ Левица