(ФОТО) На 8 септември 1945 год Президиумот на народното собрание го донесе Законот за прогласување на денот на народното востание во Македонија за народен празник

0
317

Македонија денеска одбележува 81 година од почетокот на Народноослободителната борба. На 11 октомври 1941 година Првиот прилепски партизански одред „Гоце Делчев“ го нападна полицискиот участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп, а следниот ден се огласија и партизаните од Кумановскиот одред. Од првите партизански одреди кои ја почнаа борбата, Народноослободителната војска на Македонија на крајот од четиригодишната војна прерасна во доборорганизирана 110-илјадна армија со воени формации од највисок ранг, како корпуси и дивизии.

Повеќевековните идеали за основање македонска држава се оживотворени со одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година.

Во продолжение ви пренесуваме фотографија од Службен весник на поранешна СФРЈ во која е објавено дека Президиумот на народното собрание на своето заседание на 8.09 1945 год го донесе Законот за прогласување на денот на народното востание во Македонија за народен празник.

 

извор: NEWS1