ВРЕМЕПЛОВ -Настани на денешен ден, 25 јануари

0
170

1533 Англискиот крал Хенри VIII се ожени со Ана Болејн, спротивно на ставот на папата кој не му дозволи развод од првата сопруга Катерина Арагонска.

1579 Во Утрехт побунетите покраини Холандија, Зеланд, Утрехт, Гелдерланд, Фризија, Гронинген и Оверајсел, поради пропаднатите обиди за смирување со шпанската управа, создадале Утрешки сојуз за борба против Шпанија.

1904 Излезе првиот број на белградскиот весник „Политика“.

1918 Со цел да згасне контрареволуционерната побуна создадена е Црвената армија.

1924 Во францускиот град Шамони почнаа првите Зимски олимписки игри.

1942 Втора светска војна: Тајланд им објави војна на Велика Британија и САД.

1955 Президиумот на Врховниот совет на СССР издаде указ за окончување на воената состојба меѓу СССР и Германија.

1971 Во Уганда е извршен воен удар, по што на чело на државата доаѓа Иди Амин.

1991 Македонското собрание ја усвојува Декларацијата за сувереност на Социјалистичка Република Македонија.

1996 Парламентарното собрание на Советот на Европа одлучи да ја прими Русија наспроти острите критики поради воената интервенција во Чеченија.

1996 Република Македонија и Белиз воспоставиле дипломатски односи.

 

Од Википедија — слободната енциклопедија