Јапонската Агенција за метеорологија објави дека е регистриран земјотрес со интензитет од 4,9 степени со епицентар на отворено море наспроти градот Ишиномаки во префектурата Фукушима.
Земјотресот што се случи во 10:01 часот по локално време, бил на длабочина од 50 километри. По потресот во подрачјето не е дадено предупредување од можен „голем бран“.
Земјотресот се почувствувал и во префектурите Мијаги, Ивате, Јамагата и Ибараки.
фото:Агенција Анадолија