More

    Украина прогласи вонредна состојба

    Советот за безбедност и одбрана на Украина соопшти дека донел одлука за прогласување на 30-дневна вонредна состојба во целата земја, со исклучок на регионите Доњецк и Луганск, јавува Агенција Анадолија (АА).

    Претседателот на Советот, Олексиј Данилов, изјави дека вонредна состојба ќе биде прогласена во целата земја, освен во регионите Доњецк и Луганск, и дека одлуката мора да биде одобрена од Парламентот во рок од два дена.

    Наведувајќи дека вонредната состојба може да биде продолжена за уште 30 дена доколку тоа биде потребно, Данилов потсети дека од 2014 година веќе има слични практики со вонредната состојба во регионите Доњецк и Луганск.

    извор: Агенција Анадолија (АА).

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    clear sky
    27.8 ° C
    27.8 °
    27.8 °
    28 %
    4.6kmh
    0 %
    Wed
    25 °
    Thu
    28 °
    Fri
    29 °
    Sat
    29 °
    Sun
    29 °
    spot_imgspot_img