More

    Косовската полиција заплени камион со 83 килограми хероин на македонската граница

    Косовските цариници денеска на граничниот премин „Генерал Јанковиќ“ со Македонија откриле и заплениле 83,5 килограми хероин. Полицијата уапсила седум лица, јавија албанските медиуми.

    Дрогата е откриена на царинскиот терминал на преминот „Генерал Јанковиќ“, скриена во опрема за осветлување во камионска приколка. Била спакувана во 160 пакувања.

    Службеници на Основното обвинителство во Урошевац соопштија дека за овој случај се уапсени седум лица, а по двајца се трага.

    „Најдовме количина од приближно 83,5 килограми. Полициските истражители потоа презедоа акција на терен во соработка со главниот обвинител и продолжија со рациите во Приштина и Пеќ. Досега седум лица се задржани во притвор до 48 часа, а по две лица се трага“, изјави директорот на Единицата за борба против наркотици, Решат Мурсељи.

    Косовскиот министер за внатрешни работи, Џељаљ Свечља им четстита на институциите за успешно изведената акција за спречување на шверцот со дрога.

    – Кога меѓу различните институции постои волја за искрена соработка со цел да се обезбеди владеењето на законот и борба против организираниот криминал, резултатите се неминовни. Честитки на Царината, Полицијата и Обвинителството, напиша Свечља на неговиот Фејсбук.

    фото: Архива

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    few clouds
    28.8 ° C
    28.8 °
    28.8 °
    42 %
    2.1kmh
    20 %
    Thu
    26 °
    Fri
    35 °
    Sat
    36 °
    Sun
    26 °
    Mon
    20 °
    spot_imgspot_img