ТИКА со поддршка на пчеларството во Северна Македонија

Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) донираше опрема за пчеларство за семејствата што се занимаваат со пчеларството во различни места во Северна Македонија, јавува Анадолу.

Во рамките на Проектот за развој на пчеларството во Северна Македонија, во подрачјето на Градско се одржа церемонија за доделување на опремата, на која присуствуваше и координаторот на ТИКА во Скопје, Халим Омер Согут.

Согут во изјавата за медиумите истакна дека ТИКА во Северна Македонија реализира проекти фокусирани на развојот.

Тој информира дека досега во Северна Македонија реализирани се проекти во повеќе области, како што се образованието, здравството, социјалната и културолошката соработка, развојот на административни и цивилни инфраструктури, како и во областа на земјоделството и сточарството.

Согут рече дека им придаваат посебна важност на проектите што даваат придонес за лицата што живеат особено во руралните подрачја, чија цел е одржлив развој.

Според него, речиси во секој крај на Северна Македонија реализирале проекти од областа на земјоделството.

„Проектот за развој на пчеларството е прв проект што го реализиравме во Северна Македонија во областа на земјоделството“, нагласи тој, додавајќи дека во рамките на проектот осигуруваат пчеларска опрема и обука.

Согут информира дека обезбедиле вкупно 300 пчелни кошници за 30 семејства во подрачјата на Велес, Кичево и Куманово.

Тој истакна дека имаат цел да се зголеми производството, да придонесат во одржливиот развој, да придонесат во семејните приходи.

Според Согут, во пчеларството не се добива само мед туку и различни други производи како пчелното млеко и прополисот.

извор: Анадолу.

фото: Анадолу.