More

    Напад на Украина утрово во 5 часот по локално време

    Рускиот претседател Владимир Путин нареди „специјална операција“. Експлозии во неколку украински градови. Киев бара помош. Прогласена воена состојба. Цената на нафтата ја проби „магичната граница“ од 100 долари за барел.

    06:00 часот
    Зеленски: Слава на Украина
    Украинскиот претседател Володимир Зеленски и се обрати на нацијата веднаш по почетокот на руската воена акција, наведувајќи дека цел на нападот досега биле воената инфраструктура и граничните единици.

    „Армијата функционира. Јас ќе бидам со вас цело време. Ќе победиме затоа што сме Украина. Слава на Украина“, рече Зеленски, наведувајќи дека веќе разговарал со американскиот претседател Џозеф Бајден.

    Тој изјави и дека е воведена воена состојба и ги повика граѓаните да останат во своите домови.

    05:54
    Русија: Со прецизно оружје на воени објекти и аеродроми
    Руското Министерство за одбрана соопшти дека на мета на оружје со висока прецизност биле украинската воена инфраструктура, воздушната одбрана, воените аеродроми и авиони, како и армијата.

    Руската војска не извршила ракетни и артилериски напади кои би можеле да го загрозат цивилното население.

    05:34 часот
    Цената на нафтата е 100 долари за барел
    Цената на нафтата ја проби „магичната“ граница од 100 долари за барел, за прв пат од 2014 година.
    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    few clouds
    30.8 ° C
    30.8 °
    30.8 °
    35 %
    1kmh
    20 %
    Thu
    29 °
    Fri
    35 °
    Sat
    36 °
    Sun
    26 °
    Mon
    20 °
    spot_imgspot_img