Девојка по име Доли (29) од Англија потрошила повеќе од 10.000 фунти (12.000 евра) за да изгледа како кукла Барби и не планира да застане тука.
Имено, Доли Микс потекнува од семејство кое е поврзано со кралското семејство, но никогаш не се чувствувала како да се вклопува со нив. Оваа 29-годишна девојка отсекогаш сакала да личи на Барби. Сакаше да има руса коса, големи гради и огромни усни.
Тоа и се оствари и сега го живее својот сон.
– Целта ми е да изгледам повеќе пластично отколку човечко. Отсекогаш сакав да изгледам како пластична барбика – рекла таа.
Обожавателката на Барби издвоила повеќе од 10.000 фунти за да го постигне изгледот што го сакала.
@itsdollymix #dance #drumandbass #bimbo #foryoupage #fyp ♬ Desire – Sub Focus & Dimension
Таа тврди дека отсекогаш била уметничка душа, но дека нејзиниот татко никогаш немал „уво“ за таков вид уметност, што значело дека не го поддржувал нејзиниот личен израз.
– Семејството го немам видено многу години. Не ме поддржуваат во потрагата по мојот идентитет. Има толку многу грди зборови со кои моето семејство го опишуваше мојот изглед. Ми рекоа дека сум одвратна и дека изгледам страшно – рекла таа.
24sata.hr