Пазарот за птици во Ербил, главното место за љубителите на птици во Ирак

0
144

Пазарот за птици во Ербил стана главно место за собирање на љубителите на овие видови животни во Ирак, каде што покрај трговијата разменуваат и искуства за одгледувањето на различни видови птици, јавува Агенција Анадолија (АА).

Станува збор за пазар што постои веќе девет децении, со тоа што во 2000 година од центарот на Ербил е преместен во Сејдава на периферијата.

Пазарот е отворен секој ден во неделата, а најголем метеж се бележи во петок, кога е блокиран и сообраќајот во таа населба.

Покрај многуте видови птици, на пазарот може да се најдат и други видови животни, како мачки, кучиња и кози.

Раководителот на пазарот Шемседин Мухамед за АА рече дека пазарот се отвора рано наутро, а дека неговите капии се затвораат попладне, во зависност од посетеноста.

„Посебен интерес постои за славеите, препелиците, гулабите и еребиците. Секако, цените варираат во зависност од видот“, рече Мухамед.

Тарик Џемил Керим е трговец од Киркук кој секој петок доаѓа на пазарот во Ербил.

„Јас одгледувам и продавам гуски и кокошки. Покрај мештаните на Ербил, на пазарот доаѓаат и луѓе од цел Ирак. Ја сакам оваа работа и сакам со неа да продолжам да се занимавам“, рече тој.

извор:Агенција Анадолија (АА).
фото:Агенција Анадолија (АА).