Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски утрово соопшти дека поднел кривична пријава против обвинителката која го води случајот против него наречен „Софтвери“, во кој тој е обвинет за корупција.
Како што соопшти Рашковски, тој ќе поднел повеќе кривични пријави, а веќе поднел и претставка до Советот на јавни обвинители, Републичкиот јавен обвинител и до Шефот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Според поранешниот генерален владин секретар, кривичната пријава е затоа што првопријавената не доставила до судот допис од Генералниот секретаријат доставен до нејзе и не го поднела во листата на докази, бидејќи со тој допис целиот обвинителен акт против Рашковски ќе бил беспредметен.