Алијанса за Албанците донесе одлука: Ќе почнат преговорите со власта

0
180

Централното раководство на Алијанса за Албанците на вечерашниот состанок го овластило потесното раководство на партијата, на чело со Арбен Таравари да почнат преговори со партиите од власта за евентуално приклучување во владејачкото мнозинство.

Таравари вели дека се уште не разговарале за конкретни предлози и ресори, тоа допрва треба да го сторат.

Тој вели дека тимот за преговори викендов ќе се состане со цел да се подготват нивните барања кои ќе ги презентираат во преговорите за евентуален влез во Влада.

На новинарско прашање дали има мнозинство за уставните измени, Таравари вели дека во моментов никој не може да гарантира дека има 80 пратеници.

Фото:Архива