Вчера на 61 годишна возраст почина познатиот босански глумец Саша Петровиќ, во регионот најпознат по улогите во култната сараевска претстава „Аудиција“ и хумористичната серија „Луд, збунет, нормален“.
Тажната вест прв ја соопшти режисерот Срѓан Вулетиќ, кој рече дека е шокиран и дека и тој е изненаден и тажен од веста.
– Во последно време не е добро со своето здравје. Се работи за срцето, само тоа знам – изјави Вулетиќ.
Петровиќ глумеше во филмовите „Ничија земја“, „Оваа мала душа“, „Животот на работникот“, „Кудуз“, „Источно од истокот“, „Проколната Америка“, „Ничија земја“, „Оган Брнс“, „Лето во Златна Долина“, „Нафака“.
Во 2007 година, Петровиќ ја освои наградата „Срцето на Сараево“ за најдобар актер за неговата улога во филмот „Тешко е да се биде фин“.
24info.mk