Протокот на разузнавачките податоци во сите седишта и бази на НАТО на светот ќе го обезбеди софтверот што ќе го развие турската одбранбена индустрија, известува Агенција Анадолија (АА).
Турската компанија СТМ (STM), која произведува високотехнолошки, иновативни системи на националната и меѓународна сцена, постигна еден од најважните извозни успеси на турската одбранбена индустрија во полето на софтверот.
СТМ доби два важни тендери за насочување, собирање, обработка и дистрибуција на разузнавачки податоци во рамките на НАТО, каде Агенцијата на Алијансата за комуникации и информации (NCI Agency) е одговорна за обезбедување, инсталирање и одржување на комуникациските и информациските системи за носителите на одлуки и командата во НАТО.
Како резултат на оценката на цената и техничките способности, Агенцијата на Алијансата за комуникации и информации (NCI) ѝ даде предност на СТМ во двата проекта отворени меѓу земјите членки на НАТО во кои учествуваа водечки светски софтверски компании.
По техничките и административни преговори, потпишан е договор меѓу СТМ и Агенцијата на Алијансата за комуникации и информации (NCI).
Текстот во целост на: Агенција Анадолија (АА).