Потребни се избори, за влада избрана од народот, а не премиер слуга на Ахмети и на ланец на Левица.
Ковачевски е послушник на Ахмети за ден повеќе да остане на власт. Додека Ковачевски е премиер, од него формирамата Пиксел груп, управувана од неговиот кум го шири бизнисот низ државата, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение на истото од партијата додаваат:
За да може да цветаат бизнисите на блиските до Ковачевски, тој е послушник на Ахмети, кој го одржува на власт.
Другиот стопан на Ковачевски е Левица, тие го држат на ланец, а таа коалиција се гледа во град Скопје каде заедно владеат и делат директорски места.
Левица глуми патриотизам кога на Ковачевски тоа му е потребно, а во суштина се како руски олигарси, кои црпат од институциите каде директоруваат.
Ковачевски не може да остане долго на власт, зошто и самиот не знае на кого повеќе да му угоди. Потребни се избори и влада избрана од народот, а не премиер поставен без мандат од народот.
извор: ВМРО ДПМНЕ