More

    Стоилковски: „Паркинзи“ претворено во штаб на ДС, вработени финансиери и роднини на министри

    Вчера соопштивме дел од вработените во Градски паркинг, од оние коишто се на листата на вработени членови и високи функционери на Демократскиот Сојуз на Павле Трајанов и веројатната причина за нивното учество во владината коалиција. Акцизи и даноци не смеат да се намалат за да може партиската војска на власта да зема пари, истакна портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

    Во продолжение ја пренесуваме прес конференцијата во целост:

    Демократски Сојуз со години го имаше ЈП Градски паркинг во Скопје како клон на партиското седиште во коешто се вработувани највисоки партиски функционери и нивни семејства и нивни блиски.

    Вчера издвоивме десетина имиња на роднини и блиски на Павле Трајанов претседател на Демократскиот Сојуз, како и на Владимир Кроневски член на претседателството на Демократскиот Сојуз, податоците се од оние кои што ни се доставени од укажувачи.

    Денеска ќе набројам уште неколку имиња, на финансиери и роднини на првите луѓе во Демократскиот Сојуз. Билјана Ристеска внука на Русе Соколов еден од основачите и првите луѓе на Демократскиот Сојуз. Ивана Симоновска, роднина на Русе Соколов. Гоце Симоновски, сопруг на Ивана, роднина на Русе Соколов.

    Горан Копчаревски, роднина на Панче Стојановски, функционер на Демократскиот Сојуз.

    Павлинка Ганева Атанасов, сопруга на финансиер, донатор на Демократскиот Сојуз.

    Игор Трајковски, еден од главните финансиери на Демократскиот Сојуз.

    Сашко Димитровски, роднина на Зоран Димитровски, генерален секретар на Демократскиот Сојуз и заменик министер за локална самоуправа.

    Ова се само дел од податоците доставени до нас од укажувачи.

    Демократскиот Сојуз со години е привезок на власта веројатно за бенефитите, како службени автомобили, службени телефони, како и трговија со влијание, односно ослободување од плаќање паркинг во Скопје, една огромна афера за која што информиравме неодамна.

    За Демократскиот Сојуз нема идеологија, нема економска криза, бидејќи со години како привезок на власта Градски паркинг служел како партиска испостава.

    Одлепеноста на власта нема дно. Сега очекувам Павле Трајанов и Демократскиот Сојуз да ве убедуваат дека економските политики на владата се одлични, само и само да добијат ново сместување за своите роднини и пријатели во нови јавни претпријатија.

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    broken clouds
    17.8 ° C
    17.8 °
    17.8 °
    82 %
    0.5kmh
    75 %
    Tue
    28 °
    Wed
    28 °
    Thu
    27 °
    Fri
    28 °
    Sat
    19 °
    spot_imgspot_img