Поранешниот генерал Петр Павел победи на претседателските избори во Чешка

0
145

Петр Павел, пензиониран генерал и командант на НАТО, победи на вчера одржаните претседателски избори, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Павел го победи милијардерот и поранешен популистички премиер Андреј Бабиш.

„Прага морнинг“ објави дека Павел освоил 58 отсто од гласовите.

Павел (61) ја започна претседателската кампања под слоганот „Да ги вратиме редот и мирот во Република Чешка“.

Бабиш (68) се соочи со судење поради обвинување за измама од 2 милиони евра субвенции на ЕУ во септември минатата година. Пред само 4 дена е ослободен од обвинувањето.

Павел и Бабиш минаа во вториот круг откако никој од осумте кандидати не го освои апсолутното мнозинство во вториот круг на гласање што се одржа на 13 јануари.

Павел, поранешен претседател на воениот одбор на НАТО, во потполност ја поддржа воената и хуманитарна поддршка на неговата земја за Украина во борбата против Русија и иднината на Чешка ја гледа во Европската Унија и НАТО.

Бабиш заврши во опозиција по поразот на општите избори во 2021 година, а во своите настапи застапува евроскептични ставови и често користи антиимигрантска реторика.

Павел на позицијата претседател на Чешка ќе го замени Милош Земан. Функцијата претседател во Република Чешка главно е церемонијална.

Право на глас на изборите во Чешка имаа 8,25 милиони регистрирани избирачи.

извор:Агенција Анадолија (АА).

фото:Агенција Анадолија (АА).